Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страна.

 

  1. Општи одредби

Арт Принт Студио ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Арт Принт Студио е строго забрането. Прекршување на општите услови  за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Арт Принт Студио ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

Арт Принт Студио може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

 

  1. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

 Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.artprint.mk. со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

 Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

 

  1. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

 

  1. Кориснички блог

Арт Принт Студио го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.

Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на Арт Принт Студио, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Северна Македонија.

                                    КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

 

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е од менито да изберете РЕГИСТРИРАЈ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Избор на производи                                  

На почетната страница поставено е главно мени каде може да избере разгледување на производите според категорија  или според вид на производот. Со избор на производи се отвара паѓачко мени со листа на сите производи достапни во онлајн продавницата.

При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот има голем број на полиња и варијации за избор на повеќе типови на производот и дококлку изберете една комбинација и кликнете на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА”  ќе бидете известени дека производот се наоѓа во вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на полето “КОШНИЧКА” од менито ќе ви се отвори страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката, доколку некои не ви се допаѓаат или по грешка сте ги додале во кошничката.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ОДИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Кога сте подготвени да извршите купување имате објаснето како може да се плати директно на сметката на Арт Принт Студио, и веднаш да  не контактирате, за да се проследат нарачките.

Достава

Рокот на испорака зависи на секој производ различно. Тоа можете да го видите откако ќе изберете прозивод имате поле “Време на испорака”, и ви пишува за тој производ за колку дена се врши испорака на тој производ. Запомнете дека испораката на производите за секој производ е различна.  

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 10:00 до 20:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

Усогласеност на бои

Боите на нашите производи кои ги гледате на Вашиот монитор може да се разликуваат од реалните бои на производот.  Дури и ако Вашиот монитор е калибриран за специфичен профил на бои, постојат различни фактори кои влијаат на конечниот изглед на боите на испечатените производи.  Поради тоа, не можеме стопроцентно да ја гарантираме точноста на боите.

Рекламации

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате на телефонскиот број   +389 2 30 63 194  или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата artprintstudio@gmail.com   и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.

Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена