Кои информации ги собираме?
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата Арт Принт Студио се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во Арт Принт Студио се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.
Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.